Магазин

Гитарата на Ерик Клептон продадена за 625.000 илјади долари

Гитарата на којашто Ерик Клептон свирел во 1970 година на првиот концертен настап на неговата тогашна група “Derek and The Dominos”, е продадена за 625.000 илјади долари на наддавањето кое изминатиот викенд во Њујорк го организираше аукциската куќа Julien’s.

Вредноста на актустичната гитара од моделот „Martin D-45“, чијашто продажба беше најавена како кулминација на аукцијата одржана во њујоршкото „Hard Rock Gafѐ“, но и преку интернет, првично беше проценета на 300.000 до 500.000 долари.

Но нејзината цена и натаму е многу пониска од рекордната цена постигната за гитара продадена на наддавање, а станува збор за полуакустичната гитара на Курт Кобејн, починатиот фронтмен на култниот бенд Nirvana, на која свиреше на концерот „MTV Unplugged“ во 1993 година. На наддавањето на куќата Julien’s Auction одржана во 2020 година инструментот постигна цена од 6 милиони долари.

Меѓу другите гитари продадени на наддавањето во Њујорк беа и моделот „Gibson Explorer“ која му припаѓала на Еџ од U2, а продадена е за 437.500 долари и „Fender Stratocaster“ на која свиреше Дејвид Гилмор, гитаристот и пејачот на Pink Floyd, којашто е продадена за 200.000 долари.

Од продажбата на вкупно илјада предмети кои некогаш им припаѓале на членовите на бендовите The Beatles, Rolling Stones, Guns N’Roses и Nirvana, како и на изведувачите Мајкл Џексон, Ејми Вајнхаус, Витни Хјустон, Леди Гага, Мадона и Елвис Присли, заработени се вкупно пет милиони долари.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....