Магазин

Таа си замина на сред “Скопски”, а тоа никој не го забележа

Откако на социјалните мрежи дел од јавноста го искритикуваа настапот на пејачката Тања Царовска на неодамна одржаниот Скопски фестивал на кој ја изведе песната “Ако ми се вратиш”, таа на својот профил на Фејсбук им одговори на сите оние кои “плукнаа” по нејзиниот настап. Царовска во својата објава на Фејсбук објасни дека нејзината матрица била премногу тивка што ни самата не можела да ја слушне, дека звукот доцнел во нејзините монитори, и дека дел од виолинистите во оркестарот свиреле фалш, и уште многу недостатоци за време на нејзината изведба.

Tanja Carovska_skopski“Вие мајсторите кои ме оценивте како исклучиво лош пејач и со многу други зборови се “олеснивте” врз мене по мреживе – да се запрашавте некој како со вашите квалификации дали на “Скопски фестивал” нешто не беше во ред со мојот настап? Дали слушнавте како рипнува матрицата на 2:10? Или пак само мене ме слушнавте како слабо пеам, другото по правило си е совршено? И дали знаете дека мене не ми беше дозволено да си направам сама аранжман каков сакам, било само со клавирска или гитарска придружба или со она што ми одговара, со одговор од МРТ дека аранжманот мора да биде напишан од некои од аранжерите на МРТ и дека мора да биде за голем ревиски оркестар? Дали знаете дека сама влегов во “Метрополис арена”, сама излегов на сцена и сама си отидов, без никој од организаторите да ме забележи? Дали знаете дека немаше столче да седнам позади сцена и да се одморам пред настап? Дека немаше доволен број на столици за сите учесници? Дека немаше каде да се оди во ве-це, дека немаше назнака каде има тоалет? Дали знаете дека си заминав среде фестивал и никој тоа не го забележа? Или пак сето тоа не е важно, јас и покрај се треба да бидам совршена, како вас? А, ќе заборавев, честитки за организаторите и со среќа на €сонг!”, гласи коментарот на револтираната пејачка.

Тања повеќе од една деценија живее и работи во Лондон. Нејзиниот исклучителен вокал е дел од музиката на неколку филмски изданија, меѓу кои и филмските хитови “Троја” и “Страдањата господови”.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: