Музика на кирилица

Ивона и Марио го слават првиот роденден на нивниот YouTube канал

Кога ќе ги споменеме Марио Арангеловски и Ивона Јовановиќ веројатно ви текнува на оние млади музички имиња кои зад себе имаат многубројни настапи, свои песни и учество во неколку македонски и балкански музички натпреварувања. Да, токму тие веќе една година освен што се препознатливи како музички имиња, снимаат, прават лајф вклучувања и ве забавуваат преку нивниот YouTube канал едноставно насловен: Ивона и Марио кој што можете да го заследите и да ги погледнете видеата, ако досега не сте ги погледнеле, со клик на следниот линк: You Tube – Ivona & Mario направете го тоа. И за разлика од некои дечки кои што снимаат на YouTube (дали се одлични во тоа не коментираме), и од нигде никаде снимаат песни и видео спотови кои на ништо не личат, овие двајца веќе познати изведувачи на македонската поп музичка сцена, навистина тоа го прават професионално и оргинално.

Најнова информација е тоа дека Ивона ќе настапи на овогодинешното издание на “Макфест” кое ќе се одржи кон почетокот на месец октомври. Воедно со овој текст им го честитаме роденденот на YouTube каналот и искрено им посакуваме уште многу настапи, хитови и видео спотови во вистинска смисла на зборот, едноставно, дечки покажете им на останатите YouTube-ри како се пее, бидејќи иако повеќето од нив немаат поим од пеење тоа стана тренд и сите од нив започнаа да снимаат песни, видео спотови со ваква или онаква намера.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: