Музика на кирилица

Јоце Панов се искачи на првото место на мак топ листата на РСМ (Фото)

Денеска (24-ти декември) во емисијата на “Мак Сцена” на Ване Маркоски која се емитува на националното радио Радио Слободна Македонија, беше соопштена новата топ 10 листа на која на врвот се искачи пејачот Јоце Панов со хитот “Ни Љ од љубовта” од Скопскиот фестивал.

На новата топ 10 листа на Радио Слободна Македонија на првото место се најде Јоце Панов, второто место и припаѓа на Тања Царовска, додека нашиот евровизиски претставник се најде на третата позиција за оваа недела.

J1Како предлози во топ 10 листата додадени се песните:

  • Емил Арсов – Ми требаш ко некогаш
  • Шекспир – Келнерот

За топ 10 листата на Радио Слободна Македонија можете да гласате преку официјалната интернет страница www.rsm.mk.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: