Музика на кирилица

Тамара Тодевска со видео за “Брод што тоне” (Видео)

Во емотивна љубовна приказна раскажана преку танц со светло-сенки, Тамара Тодевска го претстави новиот спот за второнаградената тема на Скопскиот фестивал 2014 “Брод што тоне”. Матичната куќа на Тамара, Горила Филмс е продуцент на записот.

Спотот се снимаше на главната сцена во Македонскиот народен театар. Горила Филмс изразува јавна благодарност до театарот за сесрдната помош при реализацијата на видео записот. Комплетен музички автор на песната е Роберт Билбилов. Кореографијата во спотот ја осмисли Олга Панго, а танците ги изведуваа врвни македонски балетски играчи. Директор на фотографија на спотот е Александар Крстевски, додека режијата и монтажата се на Горан Костадинов.

Погледнете го видеото во продолжение.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: