Музика на кирилица

Нина Спирова постхумно наградена од родниот Прилеп

Една од најпознатите македонски пејачки на староградска и народна музика, Нина Спирова, постхумно е добитник на „Златна плакета“ за животно дело од родниот Прилеп.

Наградата ја доделува Општина Прилеп по повод 3-ти ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп. Спирова е наградена за особен придонес и создавање трајни вредности во музичката уметност.

Добитниците на овогодинешните признанија денес ги објави претседателот на Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија при Советот на Општина Прилеп, Тони Камчески.
Нина Спирова почина на 11-ти септември во Филаделфија, САД на 82 години.

Можеби ќе ве интересира: