Музика на кирилица

Откако го згаснаа традиционалниот „Пивофест“, неофицијално Општина Прилеп го најавува второто издание на „Beer Weekend“ (Фото)

Поради погрешната политика, погрешните чекори во од, неинвентивноста, а донекаде и незаинтересираноста за одржување на традицијионалниот, речиси дво децениски „Пивофест“, Општина Прилеп дозволи овој голем музички настан да згасне, односно да биде преиначен во “Beer Weekend” и да го изгуби името и тајмингот кој му беше обележје и суштина, затоа што нашинците од сите страни на светот според тој датум ја планираа посетата на Македонија и со душа чекаа да дојдат. Последните три години од одржувањето на оваа култна фешта, намерно или не намерно ја сведоа на селска манифестација, а од минатата година „Пивофест“ и официјално повеќе не постои.

Откако на некомпетентни луѓе им се даде довербата, а при тоа не беа ни доволно образовани ни стрчни за да го работат и организираат овој познат фестивал на пивото, на кој настапија најпознатите балкански музички имиња, се случи голем пад на критериумите. Новата локална власт на Прилеп како да сакаше да ги тргне рацете и целосно да се ослободи од организацијата на познатиот прилепски бренд, па како што велат србите „Пусти бригу другоме“ го предаде на друг организатор. Од оној левел на кој беше издигнат Пивофестот во Прилеп остана само веб страницата на која преку многуте фотографии можат да се видат сведоштвата за големиот број на ѕвездени имиња што продефилираа низ градот и таа ги чува спомените од годините во кои Прилеп доживеа ренесанса.

Со еден збор поради неводењето сметка за овој голем настан, локалната власт минатата 2023-та година дозволи името на брендот и се она што некогаш значеше „Пивофест“ да стане индивидуална сопственост и истото да биде заштитено, со што од тој момент никој нема право да го користи, а со тоа ни градот да го има соодветниот настан.

Исто како и минатата година така и годинава, општинарите сакајќи да ја амортизираат штетата што сами ја направија започнаа со организирање на „Beer Weekend“, настан кој не е ни налик на некогашниот одлично организиран „Пивофест“, затоа што не трае толку дена, нема соодветен тајминг, а не го прати ни фама како некогашната манифестација.

Споменатиот пиво викенд оваа година според неофицијални информации ќе се одржи на кон почетокот на месец август (9-ти, 10-ти и 11-ти август), а најава за музичките гости нема.

После се, се прашуваме дали некој ќе понесе одговорност за уништувањето на еден од најголемите прилепски брендови за „Пивофест“?! Дали тоа ќе биде Градоначалникот Борче Јовчески или можеби Советот на општината, незаинтересираната администрација или…?!? Никој како што најчесто кај нас бива….
Сигурно и оваа година локалната на Прилеп ке ја следи праксата од минатите години па ќе одреди подобни и неподобни новинарски екипи кои преку посебни вибер групи ќе бидат поканувани на „тајни прес-конференции“ и со веќе нарачани и договорени прашања се ќе помине глатко и без било каков проблем.

За жал таа пракса ќе мора да се менува ако сакаме нештата да одат на подобро. Се надеваме дека следната година со промената на локалната власт во Прилеп, некои нешта ќе попримат поинаков ток, па може да се случи и ентузијастички обид за враќање на “Пивофест” на старите патеки, или барем обид за враќање на стариот сјај, кој подразбира добра организација и многу вложување од сите чинители на градот.

Можеби ќе ве интересира: