Премиера

„На две страни“ – нова емотивна балада на познатата фолк пејачка Стојне Николова (Фото+Видео)

Неодамна познатата македонската фолк пејачка Стојне Николова ја промовираше најновата балада „На две страни“, а истовремено го промовираше и интересниот и впечатлив видеоспот снимен за истата. Очигледно е дека Стојне не престанува да ги изненадува своите фанови и публика и со оваа одлична балада ќе допре речиси до секое заљубено срце.

Како што таа самата вели за музичкиот портал Музика24, оваа емотивна балада која што е со интересна тематика со сигурност ќе ја допре публиката, токму онака како што ги допре сите оние што целосно се вложија во процесот на реализација на „На две страни“.

Инаку, видеото за „На две страни“ е реализирано од „Арт продукција“, а кадрите се снимени во Германија и Македонија. И на овој проект исто како и на сите претходни, Стојне работеше со веќе проверен тим. Како автор на текстот се потпишува Орце Зафировски, музиката е на Борче Димитров, а аранжманот на Бобан Мојсовски.

Во една прилика, фолк пејачката Стојне Николова изјави дека ова е само мал дел од сето она што следи од неа во иднина и тука не застанува. Веќе е затворена во студио каде што работи на новите проекти кои јавноста ќе има можност да ги слушне наскоро.

А дотогаш, уживајте во новата „На две страни“.

Можеби ќе ве интересира: