Музика на кирилица

Пеце Стоикоски: Со Милошоски се гледаме на суд

Неодамна музичкиот портал Музика24 имаше објавено текст по повод изјавата на македонскиот познат продуцент, композитор, музичар и пејач Горан Милошески за тоа дека шоуто кое веќе се емитува на 1 ТВ, а е во организација на “МелФест”, однапред се знае кој ќе победи и кој ќе ја добие главната награда, стан во Скопје и договор со продукцијата (читај текст: Горан Милошески: Однапред знам кој ќе победи на “МелФест Талент Шоу: Ѕвезда број 1”.

На таа наша приказна нашата колешка Билјана Крнческа од интернет порталот “Свет-Австралија” се надоврзна и ја продолжи приказната онаму каде што ние застанавме, односно, контактираше и со сопственикот на продукцијата или организаторот на ова талент шоу Пеце Стоикоски, како и со уметничкиот директор на фестивалот познатата пејачка Елена Петреска.

“Самиот директор-организатор на “МелФест” Пеце Стоикоски децидно се огради од инсинуациите на Милошески и во име на главниот спонзор кој не сакаше да го именува му порача на композиторот Молошески дека ќе се видат на суд каде ќе треба да го докаже сето она што го тврди”, пишува “Свет-Австралија”. Што се однесува до уметничкиот директор на “МелФест” Елена Петреска која што е всушност и дел од реализацијата на веќе споментатото музичко тв шоу, таа едноставно одговорила дека не сака да ја има по портали затоа што нема намера никому да му подига популарност, со самото тоа таа останува без коментар за се веќе споменто.

Ние како музички портал во соработка со порталот “Свет-Австралија” ќе истражуваме и ќе пишуваме за се она што е ново, а се однесува на горе споментатата случка. Дали и овој пат прилепчани ќе се свртат сами против себе, останува да видиме.

Можеби ќе ве интересира: