Музика на кирилица

Познатиот радио водител Драган Б. Костиќ од денес се враќа на радио

На задоволство на публиката која го слуша повеќе од 40 години, легендарниот радио водител Драган Б. Костиќ од денес, 4-ти мај , се враќа во етерот. По пауза од една година по неговото пензионирање, тој подготви нов концепт и нова мисија под наслов “да го вратиме радиото во секој дом” . Неговата емисија “Кавервил” (со стории за најпопуларните кавер верзии) секој работен ден ќе се емитува на мрежа од 14 партнерски радио станици низ Македонија и преку едукација, информација и забава сака да го обедини слушателскиот аудиториум.

Пред неколку дена тој на официјална прес-конференција за медиумите и пријателите ја промовираше оваа идеја заедно со “СТ продукција” и го донесе в раце симболот на емисијата – старото радио, кое метафорично посака “да го врати во секој дом”. “Кавервил” е интересна и забавна емисија во времетрање од еден час, која во својата основа има едукативен карактер. Kако што самиот вели- “тешка за правење, лесна за слушање”, “Кавервил” се наметнува од денес во радискиот етер на барање на голем број слушатели. Скопјани ќе ја следат оваа емисија на брановите на Club FM радио, а ќе се емитува и на Супер Радио во Охрид, AngelsFM во Штип, Хит во Струмица, Радио 5 во Прилеп, Акорд во Кичево, Модеа во Свети Николе, Плеј во Струга, 5ФМ во Велес, Браво во Куманово, Плус Форте-Тетово, Делфин во Битола, Пулс во Неготино и на радио Кочани.

Dragan B.KostikВе покануваме да ја посетите официјалната ФБ страница и да станете пријател на “Кавервил” (со кликнување на името на емисијата директно влегувате на facebook фан страната). За успешен старт на проектот, од денес организираат и наградна игра за сите фанови кои ќе можат да добијат оригинални “Кавервил” маички, плочи и ЦД-а и секако копија од книгата “Заборави ако можеш 1981”.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: