Музика на кирилица

Слаткаристика снимаше видео спот во ромско гето во Софија (Фото)

Слаткаристика извесен период помина работно во соседна Бугарија. Тој по одржувањето на концертот во клубот “Play House”, наредниот ден снимаше видео спот во ромско гето во Софија. Од неодамна, преставници на You Tube каналот на Слаткаристика станаa германската куќа со преставништво во Софија – “Facing The Sun”. Највлијателниот македонски хип хоп артист стана дел од едицијата спотови “One Shot” со негова нова песна насловена “Бумеранг”.

Slatkaristika_nastap sofijaНа музиката и аранжманот работеше веќе проверениот продуцент Iwayo, видео записот беше под продукција на “Facing the sun” истите се предвидени да излезат втората половина на месец ноември. Од неговата продукција велат дека ова парче и видео записот се уште еден поинаков и креативен пристап на Слаткаристика. Во песната и видеото публиката ќе може да слушне и види многу сатира, хумор, базирана врз основа на текстот од новата песна на Слаткаристика.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: