Музика на кирилица

Теа Таировиќ и цел Балкан танцува на песната од македонски фолкер на ТикТок (Фото+Видео)

Песна „Ќе и дојдам вечерва“ од фолк-пејачот Спасен Силјаноски стана вирален хит на TикТок. Ја пеат сите во целиот регион, но и корисници на мрежите кои не го познаваат македонскиот јазик, како афроамериканци, од кои и започна се. Низ дискотеките кај нас, но и на Балканот, диџеите во различни миксови ја пуштаат песната, која предизвикува делириум кај публиката.

Спасен за единствениот естраден магазеин “Бекстејџ” вели дека не е изненаден, истата песна е хит во Македонија веќе пет години, но е среќен од големината на популарноста која што ја постигнала песната „Ќе ти дојдам вечерва“ на Балканот.

„Ќе ти дојдам вечер јас во зла доба, ќе ти легнам тивко јас на перница. Ќе ти дојдам вечер, пенџер отвори, љубов што ти носам ќе нè изгори…“, се македонските стихови кои го заразија цел Балкан.

Цел регион пее и танцува на неговата песна, а помеѓу многуте девојки, кои ги освои овој ритам, е и пејачката Теа Таировиќ и Весна Џогани.

Можеби ќе ве интересира: