Премиера

24 Промо: Ристе Ристески – “Како ли се она зове” (Видео)

Неодамна популарниот македонски пејач и ексклузивец на “Гранд продукција”, Ристе Ристески ја објави својата трета студиска песна со наслов “Како ли се она зове” заедно со видео спот на својот официјален YouTube канал. Зад новата песна како автор на музиката и аранжманот се потпишува Павле Радуловиќ, додека текстот го напиша Гордана Гвозденовиќ. Екранизацијата и овој пат и беше доверена на белградската филмска продукција “Ројал филмс”.

“Песната ми се допадна уште при првото преслушување во студио и веднаш ја снимив, но чекав да се стопли за да можам да снимам соодветен видеозапис. Имам снимено повеќе песни кои се во завршна фаза и еве можам да најавам дека во наредните месеци ќе промовираме многу нови проекти”, вели Ристе Ристески.

Во продолжение погледнете го видеозаписот за темата “Како ли се она зове” на Ристе Ристески.

Можеби ќе ве интересира: