Премиера

МУЗИКА ВО КНИГА: „Битлси“ – Хантер Дејвис (Фото)

Специјализираниот македонски музички портал – muzika24.mk во соработка со издавачката куќа Арс Ламина ја започнува рубриката „Музика во книга“ со единствената авторизирана биографија на легендарните „Битлси“, напишана од Хантер Дејвис.

Дејвис во текот на 1967 и 1968 година, поминува 18 месеци со „Битлсите“ додека тие се на врвот на нивната кариера, претставувајќи го бендот кој обликувал една генерација, создавајќи популарна музика. Како единствен нивен авторизиран биограф, тој имал ексклузивен пристап не само до Џон, Пол, Џорџ и Ринго туку и до нивните пријатели, семејството и соработниците. Дејвис насобрал изобилство од лични, приватни материјали, кои откриваат многу за нив и кои ја сместуваат оваа книга во групата класици, која едноставно мораат да ја прочитаат и другите биографи. Останувајќи близок со членовите на бендот во текот на годините, Дејвис има пристап до информации што ги вклучува последователно во поновите изданија.

 

Ова издание на Арс Либрис, дел од Арс Ламина – публикации е осовременето со нов материјал за солистичките кариери и за животите на „Битлси“, како и со приказни за многу други луѓе кои се појавуваат во книгата. Со додаток на еден новопронајден текст на Џорџ Харисон и со мементо за починатите членови, ова издание го раскажува сето она што е досега познато за најпознатиот бенд во историјата.

Книгата е достапна за нарачка на веб-страницата literatura.mk и во книжарниците на „Литература“ во Скопје и Битола. Кои се наоѓаат во Т.Ц. Буњаковец, ГТЦВеро Центар, Сити мол, ул. „Македонија“ во Скопје односно на Широк сокак во Битола. Инаку, во сите нив до 21 февруари се слават „Деновите на литературата”, па по тој повод можат да се купат одбрани изданија на македонски и англиски јазик со попусти до 70%.

Можеби ќе ве интересира: