Премиера

Промовиран новиот албум на Оскар Салас

Вчера во скопското кафуле “Менада” во стартата скопска чаршија беше промовиран новиот музички албум на познатиот кубански музичар Оскар Салас и неговиот бенд и ансамбл “Kубалкан”. Албумот е во издание на Скопскиот Џез фестивал под наслов “Unfinushed Business”.

Од Скопскиот џез фестивал не информираат дека продуцент на нивното ново музичко издание е Тони Китановски кој воедно ја компонираше нумерата “Play is the work of children”, а освен него на албумот работеа и Оскар Валдез, Боби Мартинез, Нелсон Падрон, Дамир Имери. Инаку кубанецот Оскар Салас во Македонија го паметиме по настапите со Тони Китановски и со Георги Шарески. На светско ниво, Салас има соработувано со легендарниот Дејвид Брн на албумот и турнејата “Rei Momo”.

Подготви: Дениза Илиеска

Можеби ќе ве интересира: