Балканленд

Евровизија: Македонија трета на втората полуфинална вечер

Нашите овогодишни евровизиски претставници Есма и Лозано со песната “Пред да се раздени” ќе настапат како трети на евровизиската сцена на втората полуфинална вечер која што ќе се одржи на 16-ти мај. Според ждребувањето кое што се случуваше пред неколку дена во Малме, на кој што учествуваа сите шефови на делегации на земјите учеснички меѓу кој беше и нашиот македонски претставник од Македонската Радио Телевизија Љупчо Мирковски, дознаваме дека Македонија настапува веднаш по претставниците на Сан Марино, а веднаш по нас настапуваат Азербеџанците. Во првата полуфинална вечер која што ќе се одржи на 14-ти мај настапуваат 16 земји и тоа:

Прва полуфинална вечер

1.Австрија
2. Естонија
3. Словенија
4. Хрватска
5. Данска
6. Русија
7. Украина
8. Холандија
9. Црна Гора
10. Литванија
11. Белорусија
12. Молдавија
13. Ирска
14. Кипар
15. Белгија
16. Србија

Додека во втората полуфинална, многу важна и за нас и нашите македонски претставници на евровизиската сцена ќе се појават 17 земји учеснички:

Втора полуфинална вечер:

1. Латвија
2. Сан Марино
3. Македонија
4. Азербејџан
5. Финска
6. Малта
7. Бугарија
8. Исланд
9. Грција
10. Израел
11. Ерменија
12. Унгарија
13. Норвешка
14. Албанија
15. Грузија
16. Швајцарија
17. Романија

Годинава настапуваат вкупно 38 земји, од првата полуфинална 16 држави, а од втората 17 земји учеснички. Во големото и фамозно финале кое сите го посакуваме влегуваат првите 10 земји со најмногу поени од двете полуфинални вечери, а освен нив во финалето се појавуваат Шведска земјата домаќин, Велика Британија, Шпанија, Германија и Франција.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: