Премиера

Тони Цетински го промовираше спотот за “Жена над женама” (Видео)

Откако излезе неговата нова песна “Жена над женама”, таа за брзо време се искачи на топ листите низ регионот, а Цетински не двоумејќи се реши да сними видео спот за истата и да и даде живот и поголема промоција на оваа песна. Со самото тоа тој го најави и новиот студиски албум кој веќе е во подготовка.

Спотот за новата песна го режираше Рената Рениер, а снимен е во Ровињ, во амфитеатарот во родната Пула, како и на многу други живописни локации во Истра. Тој заедно со својот тим на соработници на својата публика им ветува дека следниот албум ќе биде достоен наследник на претходниот “Опет си побједила” кој важи за негов најдобар албум досега. Меѓудругото, да Ве потсетиме дека Тони Цетински оваа година ќе се појави на сцената на “Пиво фест” каде ќе имате можност да ги слушате новите песни во живо.

Во продолжение, Ви предлагаме да го погледнете видео спотот за новата песна “Жена над женама”.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: