Во прв ред

Голем спектакл на Широк сокак со “Забрањено пушење” и “Conquering Lion” (Фото)

Сараевските рокери “Забрањено пушење” синоќа приредија голем музички спектакл во Битола. Неколку илјадната публика под отворено небо на Широк сокак го проследи енергичниот настап на легендарниот рок бенд, чија претходница беше македонскиот реге пионер “Conquering Lion”. Двете групи настапија како дел од младинскиот арт фестивал “Битола отворен град 2017” во организација на Младинскиот културен центар – Битола.

Сејо Сeксон, фронтменот на “Забрањено пушење” ја размрда публиката на Широк сокак и понуди одлична и енергична забава. Бендот се претстави со колекција на нивните најголеми хитови што беше пречекано со одушевување од публиката, од која голем дел наизуст ги знае рефрените, кои енергично на сцена ги пренесоа култните рокери.

Позитивни вибрации на Широк сокак, низ звуците на реге музиката со модернистички елементи на фанк и хип хоп, донесе македонскиот реге бенд “Conquering Lion”. Публиката со одушевување ги проследи хитовите од нивниот најнов албум, но и добро познатите сонгови со кои овој бенд стана мегапопуларен во регионот и низ Европа.

Подготви: Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: