Во прв ред

Јосипа Лисац со “Дневникот на една љубов” во Скопје со голем концерт во ноември (Видео)

Како што дознава музичкиот портал Музика24, по повод 50 години од издавање на албумот “Дневникот на една љубов”, кој патем за прв пат овој нејзин прв албум е издаден кон крајот на февруари 1973 година, Јосипа Лисац годинава одржува низа на концерти низ поголемите балкански градови.

Во Скопје со голем концерт доаѓа на 3-ти ноември кога Авалон продукција како нејзини домаќини ќе ни подготват еден совршен и емотивен концерт од оваа мега популарна ѕвезда на балканско и регионално ниво.

Држејќи се до принципот дека никогаш не смее да и стане здодевна на публиката, и со гласот и со стасот, Лисац му внесува свежина во „толкувањето“ на нејзиниот култен албум, изведувајќи ги песните во џез-аранжмани.

Концертот на Јосипа Лисац закажан во Скопје веќе уште од сега ги подгрева емоциите кај слушателите. Самиот концерт е форматиран како посвета на нејзиниот најзначаен албум во кариерата, „Дневник на една љубов“ (Dnevnik jedne ljubavi), кој пред 50 години постави „златни“ стандарди во хрватската и ексјугословенската поп-музика.

Таа е родена на 14 февруари 1950 во Загреб. На почетокот на нејзината кариера била членка на групата „Златни Акорди“, вистински расадник на пејачи и музичари. Десетте нумери од нејзиниот прв солистички албум, споменатиот „Дневник на една љубов“, веднаш станаа еталон за поп-музика кај критиката. Со силниот глас и автентичниот моден стил, кои сè уште немаат вистински пандан на регионалната музичка сцена, Јосипа Лисац го испиша сопствениот портрет во едно подобро минато кое, и вака „подгреано“, повторно ги распродава нејзините концерти.

Турнејата „50 години од Дневникот на една љубов“ започна со концертот во август во Пула, и Лисац до крајот на ноември ќе настапи, буквално, од Македонија до Словенија.

Можеби ќе ве интересира: