Во прв ред

Ќе се одржи “Green Fest 4” (Фото)

Во Штип по четврти пат се одржува “Green Fest”. Најважниот датум е 05-ти октомври, датумот кој не смеете да го заборавите, затоа што би ја пропуштиле најголемата, најтрендовската и најурбаната забава до сега. Како и секогаш, Дом на Млади е она место каде забавата и слободата добиваат сосема нова димензија. Во продожение ќе ве запознаеме со имињата кои ќе играат главна улога во забавата, оние DJ-и кои ќе се одговорни за тоа Вие да се забавувате до раните утрински часови:
Resident DJ: Nennat Omen & K. Petkovsky
Special Guest: Mladen Tomic (Bosna)

Сите заинтересирани ќе можат да го осигураат своето присуство и можноста за влез, купувајќи карти за овој настан, кои се пуштени во продажба по цена пристапна за секој, од само 100 денари. Побрзајте, бројот е ограничен! Бидете таму, не дозволувајте други да ви раскажуваат.

Официјален постер за Green Fest n4Подготви: Сања Неткова

Можеби ќе ве интересира: