Во прв ред

Од денес до 28-ми август во Берово – “Етно плоштад фестивал”

Од денес 24-ти август до 28-ми август под покровителство на Општина Берово ќе се одржи “Етно плоштад фестивал”. Како дел од реномираниот музички фестивал ќе се одржи и саем за зачувување на културното наследство “Малешевијата на дланка”.

“Во рамки на фестивалот секоја година се одржува и саемот на традиционални локални производи “Малешевијата на дланка”. Саемот има за цел на едно место да ги изложи и презентира традиционалните производи во три сектори: здрава храна, вешти раце-ракотворби и сувенири и резби. Општина Берово ги поканува и повикува сите заинтересирани граѓани од Малешевијата да земат активно учество на саемот со тоа што ќе ги претстават и промовираат локалните производи кои се во прилог на поттикнување на локалниот економски развој”, истакна Зоран Нешкевски од општина Берово.

Во дводневната концертна фестивалска програма на “Етно плоштад фестивал” предвидени се настапи на балканската музичка ѕвезда Каролина Гочева, Уска Кан, Јоце Панов, Штекици, Кико и Столе, Хотлајн, Ангел и Иван, КУД “Димитар Беровски”, како и Оркестарот на народни инструменти при ДМУЦ “Сергеј Михајлов” од Штип.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: