Во прв ред

После првиот, закажан и втор концерт на Ричард Клајдерман во Скопје

Поради огромниот интерес за доаѓањето на Ричард Клајдерман во Скопје чиј концерт ќе се одржи на 1-ви април, кој веќе е распродаден, организаторите Прагма Продукција се одлучија и за втор концерт, кој Ричард Клајдерман ќе го одржи ден по првиот концерт, односно на 2-ри април во Македонската опера и балет.

Концертот на овој светски пијанист е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија. Билетите за вториот концерт се веќе пуштени во продажба на сите продажни места на kupikartizase низ цела Македонија, Пола Југотон и билетарата на Македонска опера и балет.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: