Во прв ред

Реља Поповиќ ќе одржи концерт во Битола

Миленикот на женската публика, воедно и еден од најактуелните артисти на Балканот, Реља Поповиќ, на 17-ти јули 2021 година за прв пат ќе одржи концерт под отворено небо на сцената на Ракометното игралиште во Битола. Атмосферата ќе ја загрева DJ Chicko, а за After Party е задолжен DJ Ollie.
„Согласно сите протоколи и мерки за безбедност, ќе уживаме во енергичниот настап и позитивните вибрации предизвикани од вашите омилени хитови“, велат организаторите.
Концертот е во организација на Night Club Rascekor од Битола во соработка со Night Club Clique од Штип.

Можеби ќе ве интересира: