World Music

Арета Френклин оставила три тестаменти

Три рачно напишани записи се пронајдени во домот на соул-дивата Арета Френклин, неколку месеци по нејзината смрт лани во август.

“Кога почина, нејзиното семејство соопшти дека Арета не оставила никаков тестамент. Меѓутоа, овој месец беа најдени дури три, од кои два се од 2010 година и биле заклучени во орманче, а еден од 2014-та година скриен под перницата во дневната соба”, изјави адвокатот Дејвид Бенет. Тој нагласи дека делови од напишаното е тешко да се дешифрира, а некои зборови се пречкртани, па допишани по маргините.

aretha franklin, muzika24.mk, svetska, muzika, testament,

Бенет, кој над 40 години бил адвокат на Арета Френклин, завчера ги предаде записите на судот и притоа изјави дека не е сигурен дали се во согласност со законите на американската сојузна држава Мичиген. Судското рочиште е закажано за 12-ти јуни, а двајца од нејзините четири сина веќе ги оспоруваат тестаментите.

Можеби ќе ве интересира: