Американскиот поп бенд “Backstreet Boys” активно се враќа на музичката сцена. Откако пред неколку месеци го објавија својот прв сингл после 5 години пауза, и активното настапување во Лас Вегас и “Planet Hollywood”, тие најавуваат светска турнеа за следната 2019та година. Во меѓувреме објавија нов сингл насловен “Chances” авторско дело на Ryan Tedder од “One Republic” и Shawn Mendes.
За турнеата насловена “DNA World Tour 2019” најавени се дури 70 концерти, од кои 27 се во Европа, а останатите во САД и Канада. Турнеата ќе започне на 11 мај во Лисабон, Португалија. Европскиот дел со концерти ќе заврши на 25ти јуни во Будимпешта, Унгарија. Северно-американскиот дел на турнеата пак, ќе започне на 27ми јуни во Вашингтон, а ќе заврши на 15ти септември во Њуарк, Њу Џерси.