World Music

Џастин Бибер фатен со сомнителна цигара

Откако еден од многуте папараци кои го следеа Џастин, загина во сообраќајка, тој не се симнува од насловните на светските таблоиди и од порталите. Овој пат во една од хотелските соби на еден од хотелите во Њупорт, Калифорнија каде што тој бил сместен сликан е како во раката држи сомнителна цигара за која се претпоставува дека е марихуана.

Изворите на ТМЗ порталот, велат дека некој од гостите на Џастин донел огромна количина на марихуана во облик на домашно изработени цигари за да го развесели друштвото и дека Џастин дефинитивно пушел џоинт. Бибер сеуште се нема огласено по повод овие информации и фотографијата, но како велат нашите каде има оган, таму има и чад.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: