World Music

Кои беа најпопуларните песни и изведувачи за 2021 година на светско ниво (Видео)

Како што се ближиме кон крајот на 2021 година, музичките гиганти Billboard, Spotify, Apple Music, iHeartRadio и многу други ги објавија своите списоци за најслушаните и најпродаваните песни на годината. BTS, Дуа Липа, Аријана Гранде и Оливија Родриго доминираа во 2021, погледнете го прегледот на најпопуларната музика во која уживавме изминатата година:

Billboard:
„Levitating“ на Дуа Липа беше најпопуларна песна на годината, на врвот на Billboard’s Hot 100.

Дрејк беше најдобриот уметник на годината, а контроверзниот кантри пејач Морган Вален, кој беше фатен како употребува расистичка навреда во видео, го освои првото место во топ 200 албуми за Dangerous: The Double Album.

Spotify:
„Возачката дозвола“ (Driver’s license) на Оливија Родриго беше најслушаната песна од 1 јануари до 27 ноември низ целиот свет и во САД, додека албумот на Родриго – Sour беше најслушаниот албум на глобално ниво. Bad Bunny беше „најстримуваниот“ уметник ширум светот, втора година по ред, собирајќи 9,1 милијарди преслушувања.

Apple Music:
BTS „Dynamite“ беше најслушаната песна помеѓу 16 октомври 2020 година и 15 октомври 2021 година.

Најмногу пребарувана песна на Shazam кога корисниците бараат да се идентификува песната што ја слушаат била „Astronaut in the Ocean“ на Masked Wolf, која била побарана неверојатни 11,7 милиони пати.

iHeartRadio:
„Levitating“ на Дуа Липа беше најслушаната песна на една од најголемите радио мрежа во светот, со 1,2 милијарди слушања. Аријана Гранде беше најпуштан артист на мрежата, со 2,6 милијарди слушања.

Можеби ќе ве интересира: