World Music

Ријана се соблече за бразилскиот Вог (Фото)

“Вог” Бразил ја прославува својата 39-годишнина со музичката ѕвезда Ријана. Мајското издание на списанието доби две различни корици. На едната, Ријана позира во сјајна креација од Гучи со V-деколте и странични шлицови, додека на другата корица фокусот е поставен на нејзиното лице.

Rihanna_naslovnaЕдиторијалот бил снимен во Рио де Жанеиро од врвниот фотограф Маријано Виванко, а стајлингот бил инспириран од познатата танчарка и актерка Кармен Миранда.

“Ова е најдобрата фотосесија која сум ја направила”, изјавила 26-годишната пејачка од Барбадос. На дел од објавените фотографии Ријана позира топлес, негувајќи го својот провокативен имиџ.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: