World Music

Со помош на вештачка интелеганција Елвис Присли ќе оживее на сцената

Елвис Присли ќе биде вратен во живот виртуелно во рамките на ново тридимензионално концертно искуство. „Елвис еволуција“ ќе користи вештачка интелигенција и холографски проекции на Присли создадени од илјадници негови фотографии и снимки.

Шоуто ќе има премиера во Лондон во ноември, а потоа ќе оди во Лас Вегас, Берлин и Токио. Ова следува по успехот на серијата виртуелни концерти на „АББА“ во Лондон, на кои на сцената настапуваат дигиталните верзии на членовите, односно аватари.

Британската компанија „Лејерд ријалити“ ги обезбеди светските права за „Елвис еволуција“. Оттаму соопштија дека шоуто ќе биде воодушевувачко концертно искуство на кое дигиталниот Елвис во природна големина за првпат ќе ги изведе своите легендарни песни во Велика Британија и надвор од САД воопшто.

„Шоуто ќе користи вештачка интелигенција, холографска проекција, аугментативна реалност, театар и повеќесензорни ефекти и на фановите ќе им понуди подлабок увид во животот на Елвис“, соопшти „Лејерд ријалити“.

Можеби ќе ве интересира: