World Music

Тејлор Свифт го сруши рекордот на „Битлси“ од 1966 година

Тејлор Свифт го сруши рекордот на топ-листите поставен од „Битлси“, откако нејзината реиздадена верзија на албумот „Fearless“ го зазеде првото место на британската топ-листа на албуми.

Свифт успеа својот трет албум во една година да го пласира на првото место на топ-листата. Во период од 259 дена, три албуми на Тејлор се најдоа на првото место. Последниот албум „Fearless (Taylor’s Version)“ го следи успехот на „Folklore“ (31-ви јули) и „Evermore“ (18-ти декември). Пред Тејлор, рекордот цели 54 години го држеа „Битлси“ откако за 364 дена имаа три албуми на првото место помеѓу 1965-1966 година.

„Fearless (Taylor’s Version)“ е седми албум на Свифт на британската топ-листа. Останатите албуми кои се пласираа на прво место се: „Red“ (2012), „1989“ (2014), „Reputation“ (2017), „Lover“ (2019), „Folklore“ (2020) и „Evermore“ (2020).

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: