Балканленд

Бугарската популарна пејачка Јаница со “Њама да ме купиш” руши рекорди на YouTube (Видео)

Долгоочекуваниот нов музички проект на Јаница “Њама да ме купиш” веќе е факт. Песната ја направи својата премиера на официјалниот канал на телевизија Планета на YouTube, со што за само неколку дена веќе има речиси 1.000.000 прегледи предизвикувајќи огромен интерес кај публиката. Пејачката успеа да ги изненади своите фанови, бидејќи во песната се вклучува и нејзиниот колега Галин. За музиката и аранжманот на песната таа се довери на Dimond Beat Production, а текстот е дело на Росен Димитров. Ефектниот спот е на Георги Марков, а фотосесијата е дело на Георги Малев.

Подготви: Наташа Секуловска/Estrada World

Можеби ќе ве интересира: