Балканленд

Погодете која е оваа мала слатка девојка, денес позната пејачка

Вака изгледаше некогаш, а денес е позната поп пејачка на балканот. Станува збор за Катерина Каја Остојиќ која од неодамна живее во Брисел откако се омажи за DJ-от Џуниор Џек. Таа за српските медиуми открива дека конечно го работи она што одсекогаш го сакала.

Katerina Kaja Ostojic“Соработувам со разни хаус продуценти, пејам вокали за нив. Наскоро ќе почнам да работам и нешто за себе. Конечно можам да кажам, дека го работам она што го сакам и дека ќе Ви се претставам во поинакво светло, во стил кој мене најмногу ми лежи”, изјавила Каја.

Оваа позната балканска пејачка извесен период беше позната по нејзиниот голем хит “Хтела бих”, песна и видео спот во што можете во продолжение да уживате.

Подготви: Елена Ивановска

Можеби ќе ве интересира: