Музика на кирилица

Во пресрет на 8ми март, Елена Велевска со песна порачува: “Една е мајка” (Видео)

Популарната пејачка Елена Велевска годинава имаше ран осмомартовски подарок за сите мајки, а нејзината песна “Една е мајка” особено ја расплака дијаспората.

“Во знак на благодарност на личноста која што секогаш е до мене кога ми треба било каква поддршка во животот. Сакав да ја изненадам и да и подарам еден таков роденденски подарок кој што досега и не го добила, а го заслужува”, изјави пејачката претставувајќи го овој роденденски подарок за нејзината мајка. Иако екранизацијата беше најавена токму за 8ми март, Денот на жената, видеото е веќе објавено на нејзиниот официјален канал на YouTube, а како изгледа сето тоа можете да погледнете во продолжение. Уживајте!

Подготви: Виолета Трајковска

Можеби ќе ве интересира: