Премиера

Жељко Јоксимовиќ и пијанистката Соња Радојковиќ снимија албум (Фото)

Пијанистката со светска кариера Соња Радојковиќ, сними инструментален албум со балканската ѕвезда Жељко Јоксимовиќ. Во албумот “Балканска сага” издаден од продуцентската куќа “Минакорд” се најдоа нумерите: “Балканска сага”, “Дилбер”, “Лане мое”, “Игра”, “Каприц бр. 24”, “Синоним” и “Тесла”. Музиката, аранжманот и продукцијата се на Жељко Јоксимовиќ, со две преработки. Жељко во песните “Дилбер” и “Синоним” свири на хармоника, а во песната “Тесла” Јелена Томашевиќ пее, а виолина свири Ксенија Томашевиќ.

“Уште пред шест години почна соработката со Жељко Јоксимовиќ, кога почнавме да преговараме да издадам ЦД со неговата музика. Ние успеавме во тоа, и овој месец ЦД-то ќе се појави на продажните места во Србија и во земјите од регионот”, вели пијанистката Радојковиќ.

Подготви: Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: