World Music

Ријана во проѕирен црн фустан

Секси пејачката неодамна ја претстави својата прва колекција за “River Island”, а еден од највпечатливите фустани секако е долгиот, проѕирен фустан со широки трегери. Ова наводно е еден од најдрагите модели на згодната Рири, а вчера на Инстаграм објави фотка на која покажа како може да се искомбинира овој фустан и на сосема лежерен начин.

Имено, Ријана го надополни црниот фустан со памучна бела маица со кратки ракави и црно безбол капче свртено наопаку. А за да додаде гламур на целата оваа “искулирана” комбинација, таа не ги заборави црвените нокти и руменилото, но и големата кожна Шанел нараквица.

Подготви: Катерина Митровска

Можеби ќе ве интересира: