World Music

Рок легендата Мик Џегер со нова девојка?

Рок иконата Сер Мик Џегер најверојатно има нова девојка, јави весникот “Сан”. Тој бил виден во прегратките на непозната жена во хотел во Швајцарија, само еден месец по смртта на неговата долгогодишна партнерка. На една од фотографиите се гледа дека таа го бакнува по главата, додека стои зад него.

Пејачот на “Ролинг стоунс” беше погоден од самоубиството на Скот во март, жената со која помина 13 години. Таа посегнала по својот живот поради огромните долгови во модниот бизнис. Во изјавата потоа тој рече дека “не може да разбере како таа можела да го заврши животот на таков трагичен начин”. 70-годишниот Џегер додаде дека двојката минала “многу прекрасни години заедно”. Според “Сан”, Џегер ја сретнал жената во клуб каде таа работела како келнерка. Двајцата заедно го поминале последниот викенд во Цирих, каде групата имала настап.

Подготви: Елена Ивановска

Можеби ќе ве интересира: