Музика на кирилица

“Разбуди ме” нов сингл од “Рингроуд” (Видео)

Македонскиот бенд “Рингроуд” неодамна издаде нова песна која ќе се најде на новиот албум, на кој што тие моментално работат. Како што дознаваме, новиот албум се работи, снима и микса во студиото на Гени Каревски, а истиот би требало да биде готов некаде наесен. Тие пред неколку месеци веќе снимија две нови песни. Нивната нова песна “Сино небо” веќе се наоѓа на топ листите низ македонските радио станици, и сега за сега многу добро котира.

Овој бенд на македонската музичка сцена се појави кон почетокот на оваа година, поточно во фебруари кога и се оформи, а истиот е составен од млади професионални музичари:  Ѓоре Андонов – вокал и гитара; Сашо Најдовски – гитара; Дарко Мучев Мучо – бас и Игор Стевковски – тапани.

Подготви: Андреја Андреевиќ

Можеби ќе ве интересира: