Во прв ред

Одличен “One Love Tour” во Скопје (Фото)

Во Скопје во саботата, на 30-ти септември се оддржа Македонско-бугарскиот проект насловен како “One Love Tour”. Во Спортскиот центар “Борис Трајковски” беше исполнетo секое место до последно, за публиката да се забавува на хитовите на едни од најголемите балкански хип-хоп и R’n’B артисти. Слаткаристика, Криско, Гери-Никол, Апсурт, Тони Зен, и DJ Гоце С.А.Ф приредија одлична забава за сите генерации кои беа присутни во салата. Настанот траеше цели 5 часа.

“One Love” турнејата започна во Банско, продолжи во Охрид и Струмица, се оддржаа концерти во Сончев Брег, Варна и Пловдив во соседна Бугарија, a по концертот во Скопје на 5-ти ноември следува завршниот концерт од турнејата во Софија.

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: