Во прв ред

“Open Free Zone Festival” со Ареа и Слаткаристика

Во сабота и недела на 27-ми и 28-ми септември, во општина Аеродром се прогласува слободна зона за журка. “Free Zone Festival”, за прв пат оваа година на новиот стадион до МЗТ салата, покрај многуте други, како главни артисти ви ги претставува Слаткаристика на 27-ми и Ареа на 28-ми септември.

Овој Фестивал е од отворен карактер за сите посетители, со бесплатен влез за оние кои сакаат да се забавуваат со едни од највлијателните артисти од времето и денес.

Првиот ден, на 27-ми септември сабота се најавува шест часовна хип-хоп журка, со повеќе артисти и Слаткаристика, а на следниот ден внедела закажана е исто така шест часовна, но овој пат рок журка со Ареа кои ќе настапат како главни артисти таа вечер. Веќе другата недела се очекува да бидат претставени и останатите учесници на фестивалот кој прогласи Слободна зона и влез за сите посетители.

Подготви: Катерина Димиќ

Можеби ќе ве интересира: