Во прв ред

Future Inc со настап во Софија, Бугарија

Вчера вечер македонското електронско дуо Future Inc, на јавноста уште познато по настапот на гостувањето на Roger Sanchez во Скопје како и по одличните журки кои ги прават низ Македонија, настапи во соседна Бугарија, односно во главниот град на оваа држава Софија. Тие вчера вечер имаа одличен целовечерен настап во познатата софиска дискотека “Mixtape 5”, каде освен бладите бугари се забавуваа и нашите македонци кои живеат и студираат во овој град.

Инаку, Future Inc неуморно работат на своите нови проекти. Ново од нив што можеме да го очекуваме се новите авторски песни, ковери, како и подготовката на новиот албум.

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: