Балканленд

Бугарската пејачка Раина сними роденденско видео за песната “Хвана ли ми” (Видео)

По повод роденденот на познатата бугарска пејачка Раина, таа ги изненади своите фанови и истовремено ги почести со нов видео спот за песната “Хвана ли ми”. За песната се погрижија композиторот Светослав Лобишки кој ја подготви музиката и аранжманот, за текстот беше задолжен Јордан Ботев.

Во видеото, за кое што се погрижи Планета телевизија, Раина можеме да ја видиме во неколку изданија, односно, таа се појавува облечена како амазонка, хавајка, индијка, индијакна… а во истото се појавуваат повеќе од 20-на статиски кои само го надополнуваат видеото.

Во видеото кое е под режисерката палка на Јордан Петков, сите, а пред се фановите, беа позитивно изненадени од динамичноста, колоритноста, ефектната кореографија, како и од танците кои самата Раина ги изведува во видео спотот.

Во продолжение Ви предлагаме да го погледнете најновото видео на Раина снимено и пуштено по повод нејзинот роденден.

Подготви: Викторија Трајковска

Можеби ќе ве интересира: