Балканленд

Ден на жалост во Нови Сад: Погребан Ѓорѓе Балашевиќ

Денес е Ден на жалост во престолнината на српска Војводина по повод смртта и погребот на легендарниот музичар Ѓорѓе Балашевиќ. Балашевиќ нешто пред 13 часот беше испратен на вечен починок без голема помпа и во кругот на најблиското семејство на Новите градските гробишта во Нови Сад. На погребот присуствуваа само синот Алекса, ќерките Јована и Јелена, зетот Александар, сопругата Оливера, градоначалникот на Нови Сад, Милош Вучевиќ, како и градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ.

Семејството за последното испраќање на Балашевиќ организираше тамбураши да ги свират неговите најголеми хитови и омилени песни. Балашевиќ беше придружуван од капелата до местото на вечен починок со песните „Ацо, брацо“, а потоа тамбурашите продолжија со „Мала риџа“. Покрај гробното место беше изведена песната „Оливера“, која тој му ја посвети на својата сопруга.

Можеби ќе ве интересира: