Балканленд

“Још горим” нов видео запис на Мишел Гвозденовиќ (Видео)

Српската фолк ѕвезда Мишел Гвозденовиќ кој е познат во јавноста по настапот во “Ѕвезде Гранда”, пред извесен период во етер го промовираше неговиот спот со наслов “Још горим”. Композицијата е во брз фолк ритам лесно певлива, а како што може да се примети по реакцијата на неговите колеги и публиката песната за кратко време стана хит.

Приказната како и секогаш е од љубовен карактер, но како што би рекле завршува со “среќен крај”, за самиот текст и музика се погрижи Дејан Костиќ, додека за сценариото Владимир Младеновиќ во продукција на неговата матична куќа Grand produkcija.

Во продолжение уживајте во извонредното музичко парче на Мишел Гвозденовиќ со кликнување на следниот линк: “Још горим”.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: