Во прв ред

Даниел Кајмакоски специјален гостин на концертот на Марија Шерифовиќ

Победникот на регионалното шоу “X Factor”, Даниел Кајмакоски кој ги освои симпатиите низ целиот Балкан, неодамна на својот профил се пофали со фотографија каде е во друштво со српската поп пејачка Марија Шерифовиќ. Причина за сето тоа е поканата од страна на Марија која изрази желба токму Даниел да биде дел од нејзиниот концерт, кој пак ќе се оддржи на 11-ти мај на стадионот “ФК Вождовац”.

Песните се одбрани, а и пробите се во тек така што за неколку дена ќе имаме можност да слушнеме за која песна се работи т.е. за каква дуетска композиција станува збор. Сигурно е дека и фановите се изненадени, па затоа и не е случајно што за прв пат ќе ги видиме во вистинско светло на сцената.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: