Балканленд

Почина басистот на “Слатки грех” – Лепи Бора

Басистот на легендарната и никогаш незаборавна група “Слатки грех” која секогаш ја пратеше Лепа Брена – Душан Трифунчевиќ, почина денеска во Нови Сад по долго и тешко боледување. Овој секогаш забавен лик ќе остане во сеќавањето на балканската публика како слаткиот дебелко, но и како најсимпатичниот музичар на музичката естрада во осумдесетите.

Иако роден како Белграѓанин, Трифунчевиќ долго живеел во Нови Сад. Свирел гитара, клавијатури и виолина, иако во групата “Слатки грех” бил вистински шоумен. Кон почетокот на деведесетите, со распаѓањето на поранешна Југославија и “Слатки грех” Бора микрофонот и сценските костими ги заменува со произвотство и продажба на чајот за слабеење “Супер мршавко”. Душан Трифунчевиќ (Лепи Бора) ќе биде погребан во четврток на Градските гробишта во Нови Сад.

За шокантната и тажна вест и губењето на свој драг соработник и колега, изјави дадоа Лепа Брена и Саша Поповиќ, сопственици на “Гранд продукција”:

“Со заминувањето на Лепи Бора или Максе, како што ние го викавме во бендот, голема е загубата не само за неговото семејство, туку и за сите нас неговите колеги и пријатели. Кога Лепа Брена стартуваше како бренд, сакавме да има некој симпатичен и весел лик кој е лудо заљубен во неа, а таа за цело време тоа не го забележува, па така изборот падна на Максе кој тогаш го прекрстивме во Лепи Бора. Имавме неколку заеднички дуетски песни, но и безброј заеднички и многу испешни и интересни кореографии. Ќе ми недостасува неговиот специфичен хумор, човечка топлина и големото срце”, изјави Брена за српските медиуми.

“Беше заштитен знак на нашиот бенд, препознатлив по својата специфична фигура и по дуетските песни со Лепа Брена. Последните две години беше чест гостин во нашите емисии заедно со “Слатки грех”, па меѓудругото разговаравме и за неговото здравје. И покрај тоа што имаше три бајпаса, тој секогаш одлично се чувствуваше и никогаш не се жалеше, па затоа сум видно изненаден збунет и потресен од веста за неговата смрт. Беше добар татко, одличен музичар, голем професионалец и незаменлив пријател. Неговото изненадно заминување е навистина преголема и незаменлива загуба”, изјави емотивно и во еден здив Саша Поповиќ.

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: