Балканленд

Почина првата југословенска преставничка на Евровизија (Видео)

Прваста претставничка на поренашна Југославија на големото евровизиско натпреварување Љиљана Петровиќ почина на 81-годишна возраст во Нови Сад. Таа беше првиот претставник што настапи на Евровизија во 1961 година во Кан, каде ја изведе песната “Неке давне ѕвезде” со која го освои осмото место со девет поени. Песната е дело на Јоже Прившека, според стиховите на Мирослав Мајк Антиќ.

Пејачката учествуваше на бројни фестивали и во тоа време беше на врвот на музичката сцена, но кон крајот на 70-тите години се повлече од јавниот живот. Подоцна се посвети на пишувањето хаику поезија.

Познатата пејачка Љиљана е запаметена по нејзината песна “Нека то не буде у пролече”, која ја отпеа на фестивалот “Опатија” во 1966 година.

Можеби ќе ве интересира: