Балканленд

Прво па машко, Ерик Фокс со ремикс на “Пред да се раздени” (Аудио)

Познатиот радио водител и DJ Erik Fox уште вчера вечер по завршување на втората полуфинална вечер на својот YouTube канал го објави ремиксот на евровизиската “Пред да се раздени”. Ремиксот е одличен, со тоа што делот на Есма е комплетно изваден, а двата дела на Лозано претставуваат една целина.

Знаејќи дека Ерик беше првиот менаџер на Лозано веројатно од лични побуди, одредени емоции или едноставно од желба да се направи нешто плус тој го подготвил ремиксот. Како и да е, одлично е, наше е… преслушајте го и се разбира ако ви се допаѓа споделете го и секако лакнете го 😉

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: