Балканленд

Ацо Пејовиќ новата песна му ја посвети на починатиот менаџер Бор Лалевиќ (Видео)

Новата песна „Recite mi ko je ženi“, Ацо Пејовиќ ја посвети на својот голем пријател и поранешен менаџер Бор Лалевиќ, кој почина минатата година од последиците на вирусот корона. Песната во кафански манир, а напишана по вистински настан, Пејовиќ ја направи балада, па иако се зборува за машко-женски врски, популарниот пејач реши да ја објави во чест на починатиот пријател.

„Многу силна и тажна емоција поради заминувањето на Бор, не стивнува. Па најмалку што можев да направам за него е да му оддадам почит со песна и да покажам дека никогаш нема да го заборавам. Бидејќи, Бор беше голем дел од мојот живот, и така и ќе остане“, вели Пејовиќ.

Новата песна е најава и за големи концертни активности што Ацо Пејовиќ ги започна со својот бенд низ целиот регион.

Можеби ќе ве интересира: