Фестивали

„Рамонда” ги носи србите на евровизиската сцена, Теодора во неверување (Видео)

Вчера вечер во Белград се одржа долго очекуваното финале за Избор на песна за Евровизија. Откако поминаа првите две полуфиналиња и однапред на јавноста им беа познати и изведувачите и песните, секој имаше свој фаворит.

На избор за песна за Евровизија која што годинава ќе се одржи во Шведска, Малме, Србија ќе ја претставува Теодора со одличната балада која има приказна во себе а се вика „Рамонда”.

Таа веднаш по прогласувањето и добивањето на статуетката за победник и евровизиски претставник на Србија, на сцената го кажа следното:

„Јас сум многу збунета и не сакам нешто да кажам со што ќе погрешам. Ви благодарам многу на сите. Нема да Ве разочарам, ќе бидеме најдобри и ќе победиме и ќе ја пренесеме пораката која што треба да ја дознаат сите”, изјави Теодора примајќи ја статуетката од минатогодишниот српски евровизиски претставник.

Можеби ќе ве интересира: