Фестивали

„Роса фест“ се враќа во етерот

Како што пишува дневниот весник Вечер, „Роса фест“, се враќа во етерот. Имено, Радио Роса и продукција Роса, кои и се всушност организатори на музичкиот фестивал, со задоволство го најавуваат 24-то издание на познатиот музички фолк фестивал „Роса фест“ кое и оваа година е ревијално.

Како што додава Вечер, фестивалот ќе се одржи на 5-ти март во Домот на АРМ. А како и секое фестивалско издание, така и на ова, ќе бидат доделени награди за животно дело. Овој пат, оваа награда ќе им припадне на Тодор Трајчевски (постхумно), познатата пејачка Цветанка Ласкова и на текстописецот Орце Зафировски. Оваа година интересно е што освен ова мартовско фестивалско издание, организаторите го најавуваат и редовното ноемвриско издание на „Роса фест“. Практично, два фестивали во една година.

На 5-ти март на сцената на Домот на АРМ на „Роса фест“ че настапи познатата македонска музичка елита без која ниту едно фестивалско издание не може, меѓу нив ќе ги споменеме: Благица Павловска, „Биоритам“, Дамјан Стојановски, Анета Љумаковска, Ибуш Ибраимовски, групата „Фортуна“, Стојне Николова, Сузана Гавазова, Даце Николовски, Благооја Груевски… и многу други. А традиционално и овој пат водителка на фестивалот ќе е преубавата, секогаш насмеана и позитивна Ирена Спировска.

Можеби ќе ве интересира: